Twitter остана без повеќе од 800 милиони долари поради измама

18

Американската социјална мрежа Twitter објави дека ќе плати 809,5 милиони долари како дел од спогодбата поврзана со колективната тужба, во која тврди дека компанијата ги измамила инвеститорите во врска со податоците за растот на својата база на корисници и колку корисници имале интеракција со оваа платформа.

Компанијата од Сан Франциско објави дека предложената спогодба, која допрва треба да ја одобри судија, ги решава сите тужби против таа компанија и дека Twitter не признава никакви прекршувања, пренесе агенцијата АП.

Во првобитната тужба, поднесена во 2016 година од инвеститорка во Twitter, Дорис Шенвик, се вели дека директорите на мрежата, „свесно дале неточни јавни изјави за овие показатели и не откриле внатрешни информации, што резултирало со надуена цена на акциите што паднала кога вистината за ангажманот на корисниците станала позната“.

Компанијата соопшти дека планира да ги искористи готовината за плаќање на спогодбата во четвртиот квартал од 2021 година и дека како резултат на тоа ќе забележи еднократна загуба.

Во тужбата се наведува дека директорите на Twitter во 2014 година изјавиле дека просечната месечна база на корисници се очекува значително да се зголеми „на над 550 милиони“ на среден рок, и на „над милијарда“ на долг рок.
Во 2019 година, Twitter престана да ги пријавува месечните податоци за корисниците, и сега објавува само дневен број на корисници.