Uber black достапен во Загреб

49

Корисниците на Uber во Загреб веќе имаат можност да ја користат премиум услугата – Uber black, пишува Bug.hr.

Новата опција ги содржи сите погодности на услугата Comfort, како што е можност за прилагодување на желбите на клиентите, како што е температура во возилото, разговор во возачот и слично.

Корисниците ќе можат да изберат возење со Tesla Model S, Jaguar или некој луксузен модел на Mercedes, по што ќе имаат на располагање повеќе опции што ќе се прилагодат на нивните потреби и желби.

Сите автомобили во рамки на Uber black ќе бидат во темна боја, а гаранцијата за високо ниво на квалитет на услугата е поврзана со возачи чии минимални оценки се над 4,9 и имаат над 1.000 возења.

Надоместокот за почеток на возењето кај овие услуги е скоро 1,6 евра, дополнителен километар чини околу едно евро, додека минималниот износ на возењето е 3,50 евра.

Фото: Pixabay