Uber доби 1,6 милијарди долари од Goldman Sachs

13

uber

Популарниот старт-ап Uber, се договори да добие 1,6 милијарди долари од Goldman Sachs. Портпаролот на оваа финансиска институција, Андреа Рафаел изјави дека ова не е класично инвестирање, туку финансиите се во форма на обврзници кои подоцна ќе можат да се конвертираат во акции кога Uber ќе излезе на берза, пишува Inc.com.

Пред неколку дена генералниот директор на Uber, Травис Каланик, на конференција во Минхен изјави дека сака во 2015 година да се шири во Европа и да отвори 50.000 работни места како дел од “новото партнерство” со европските градови.