Американскиот старт – ап за пружање такси услуги, Uber е пример за тоа како се прибираат, но и како се уништуваат милијарди долари на патот кон брз раст, пишува CNN.
Поради тоа, компанијата ќе мора да го промени пристапот и да го запре одливот на пари.
Uber информираше дека во последните три месеци од 2019-та година загубила 1,1 милијарди долари, од кои дел се по основ на компензации за акции. Вкупната загуба на Uber за минатата година достигна 8,5 милијарди долари.
“Признавам дека периодот на раст по секоја цена заврши“, изјави Дара Косровшахи, главен извршен директор на Uber.
Компанијата губи по една милијарда долари секој квартал откако почна да се котира на берза во мај минатата година, вклучувајќи ја големата загуба од 5,2 милијарди долари, што е најголема загуба досега. Трошоците за иницијалната јавна понуда на Uber изнесуваа скоро четири милијарди долари.
Фото: Pexels