Uber купува апликација за достава на храна за 2,65 милијарди долари

61

Американската компанија, Uber ја купи апликацијата за достава на храна Postmates во договор вреден скоро три милијарди долари (2,65 милијарди долари), пренесува Bloomberg.

Пандемијата на коронавирус силно влијаеше на работењето на Uber, којшто во мај отпушти четвртина работници и се премести на пазарот на услуги за достава на храна Uber Eats.

Uber пријави квартална загуба од скоро три милијарди долари, а во април нејзините приходи од такси превоз паднаа за околу 80%. Услугата за испорака на храна, од друга страна, забележа силен раст на приходите. Затоа тие решија да ја купат американската апликација за испорака храна Grubhub, за шест милијарди долари, но понудата беше одбиена.

Фото: Freepik