Uber нуди три милијарди долари да ја преземе конкурентната Careem

19

 

Фото: Pixabay

Американската транспортна компанија, Uber планира да понуди над три милијарди долари за да ја преземе конкурентната компанија Careem од Дубаи, пишува Reuters.

Се очекува со ова преземање, Uber да ги зајакни своите операции на Блискиот Исток.

Careem е основана во 2012 година и има големо присуство на Блискиот Исток, Северна Африка, Пакистан и Турција. Оваа компанија оперира во вкупно 98 градови, за разлика од Uber што е активен на 23 локации во светот.