Uber претстави дронови за испорака на храна

30

Компанијата за транспорт, Uber претстави дрон за испорака на храна којшто ќе биде тестиран во градот Сан Диего, Калифорнија, следната година, пишува The Verge.

Леталото има ротирачки крила со шест ротори коишто овозможуваат полесна транзиција од вертикално полетување во летање.

Ротирачки крила се честа глетка кај концептите на летечки возила, но ретко се гледаат кај дроновите. Од Uber велат дека дизајнот има улога да придонесе за зголемена брзина и ефикасност за време на летот, токму поради ротирачките крила.

Овој модел на дронови ќе биде дел од Uber Elevate, чијашто мисија е воздушниот транспорт и испорака да станат секојдневие.

Компанијата планира овие дронови да започнат со работа во 2023 година. Можат да носат оброци за двајца, а брзината на движење ќе достигне 48,2 километри на час. Со товар ќе поминуваат 29 километри, а без товар 19,3 километри далечина.

Фото: Uber