UberBoat летово доаѓа во Далмација

26

brod1

Генералниот менаџер на Uber за Хрватска, Давор Тремац, најави дека летово во Далмација ќе може да се користи услугата на UberBoat.

Новиот производ на Uber ќе биде тестиран во Далмација и на граѓаните ќе им овозможи поволно користење на пловните објекти, а сопствениците ќе може да ги понудат на пазарот кога не ги користат, пишува HrTurizam.

Конкуренција ќе му биде францускиот сервис Click & Boat, којшто во Хрватска работи од минатото лето и во базата има повеќе од 600 пловни објекти, пишува SeeBiz.

Повеќе информации за воведување на UberBoat услугите и кои дестинации ќе се покриваат ќе бидат објавени наскоро, но веројатно ќе се поврзуваат поголемите градови на брегот со островите.