Ubisoft најавува планови за развој на блокчејн игри

8

Ubisoft официјално ја објави својата намера да развие NFT и блокчејн игри „play-to-earn“.

Директорите неколку пати ја покренаа темата за блокчејн игри во извештајот за заработка. Францускиот издавач е еден од најголемите инвеститори кој стои зад неодамнешниот неочекуван профит на Animoca Brands од 65 милиони долари за крипто игри.

Но, Ubisoft се занимава со блокчејн технологија преку својата лабораторија за стратешки иновации од 2018 година и е еден од основачите на Blockchain Gaming Alliance.

Крипто-играњето е спорно прашање во последно време. Минатиот месец, Steam ги забрани сите игри што содржат NFT или криптовалути од својата платформа.

Премногу е рано да се претпостави каков ќе биде придонесот на Ubisoft во крипто игрите – дали ќе вметнува NFT во наградната структура на своите „open-world behemoths“ или ќе создава целосно нови блокчејн игри.

На прашањето за добро документираното влијание на криптовалутите врз животната средина, Ubisoft вели дека се уште е во раните фази на технолошките истражувања и дека ова секако го вклучува и „влијанието врз животната средина“.

Но, исто така, вреди да се запамети дека NFT не се само еколошки деструктивни – тие се лоши и во она што сакаа да го направат, создавајќи Steam пазар кој не обезбедува заштита или безбедност за дигиталните уметници.

Најавата доаѓа во време на внатрешни тензии во Ubisoft, бидејќи работниците бараа побрзи отстапки од раководството овој викенд, откако Activision конечно се чинеше дека им попушти на своите работници. 16 месеци откако започнаа обвинувањата за злоупотреба и недолично однесување, некои вработени во Ubisoft веруваат дека издавачот вложил малку или никаков напор за подобрување на културата на компанијата.