
На Волстрит, индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво, како и Nasdaq, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но американската централна банка ги намали проценките за намалување на каматните стапки оваа година.
Dow Jones загуби 0,09 отсто, на 38.712 поени, додека S&P 500 зајакна 0,85 отсто, на 5.421 поен, а индексот Nasdaq зајакна 1,53 отсто, на 17.608 поени.
Растот поради падот на инфлацијата, а потоа падот поради одлуката на ФЕД
На самиот почеток на вчерашното тргување цените на акциите силно пораснаа, откако беше објавено дека потрошувачките цени во САД во мај се непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво пораснаа за 3,3 отсто.
Ова се подобри податоци од очекуваното и укажуваат на благо ублажување на инфлацијата по нејзиното зајакнување на почетокот на годината.
Меѓутоа, подоцна берзанските индекси изгубија дел од добивката бидејќи инвеститорите беа разочарани од пораките на првиот човек на ФЕД.
По дводневната седница, ФЕД објави дека каматните стапки остануваат непроменети во опсег од 5,25 до 5,50 отсто, што беше и очекувано. Сепак, инвеститорите беа разочарани од намалувањето на проценките на каматните стапки годинава.
Пред три месеци челниците на ФЕД процениле дека оваа година би можеле трипати да ги намалат каматните стапки, додека сега очекуваат само едно намалување.











