UBS ќе користи вештачка интелигенција за советување на богатите клиенти

45

Logo of Swiss bank UBS is seen at their offices in New York

Швајцарската компанија за финансиски услуги UBS Group, соочувајќи се со конкуренција од Google и Amazon, се фокусира кон технологијата што ја користат компаниите во Сингапур. Станува збор за користење на вештачка интелигенција за развој на персонализирани совети за клиенти со “дебела“ банкарска сметка, пишува Bloomberg.

Компанијата за анализа на податоци Sqream Technologies победила 80 тимови во натпреварот организиран од најголемата швајцарска банка што понуди 30.000 долари за прва награда и потенцијален договор со победникот. Тимовите имаа задача да одвојат информации што се најрелевантни за одреден клиент од голем број податоци и да се испорача соодветен совет и содржина на мобилниот телефон на корисникот.

Пет финалисти се избрани од страна на компанијата, а Азија ќе биде местото за развој на овој сегмент со оглед на огромниот раст на задачите со најбогати клиенти, како и поради фактот дека во овој регион најмногу се користат дигитални уреди за комуникација со банките.

“Банкарството е една од најважните индустрии кога станува збор за дигитализацијата. eBay, Amazon – сите тие стануваат се повеќе дигитализирани и прашање е на време кога тоа ќе го искористиме за подобрување на искуството на нашите клиенти“, вели Дирк Кли, извршен директор на UBS на одделот за богати клиенти.

Глобалните банки, како што е UBS, се повеќе ја користат технологијата за да испорачаат податоци за клиентите и целни групи, како и тоа да останат конкурентни во дигиталната ера.