Училишен автобус претворен во еколошки хостел на тркала

23

ekoloski-hostel

Валерија Кук и Тим Буфе, номади од светски ранг, успеаја од стар училишен автобус да направат еколошки хостел на тркала, пишува Inhabitat.

ekoloski-hostel-1

Автобусот, којшто е дом на тричленото семејство, користи соларна енергија за производство на струја. Исто така, тие им нудат можност за сите оние кои сакаат да патуваат да им се придружат. Редизајнирањето на овој автобус чинело околу 30.000 евра, а притоа се користени само еколошки материјали.

ekoloski-hostel-vnatre

Овој мобилен еколошки хостел нуди сместување за шест лица, а посетителите имаат на располагање и мини кујна за подготовка на кафе или чај. За едно ноќевање треба да одвојат 58 евра, цена во којашто се вклучени постелнина и пешкири, како и органски појадок и вечера.

ekoloski-hostel-kreveti