Уганда откри големи наоѓалишта на злато

50

Уганда откри неколку големи наоѓалишта на злато и планира да соработува со кинеска компанија, изјави портпаролот на Министерството за развој на минерали, Соломон Мујита.

-Наоѓалиштата содржат вкупно 31 милион тони златна руда од која, според некои проценки, може да се извлечат 320.000 тони чисто злато, рече Мујита.

Владата се согласи со кинескиот партнер да формираат заедничка рударска компанија во Бусија, во источна Уганда, додаде тој.

Компанијата планира да вади по пет тони златна руда дневно, а се уште не се знае кога ќе почне со работа.