Угостителите во Холандија ја тужат владата поради рестрикциите

41

Националното здружение на ресторани и угостителски објекти во Холандија соопшти дека ќе ги тужи властите за да ги укинат рестриктивните мерки поради страв од многу банкроти.

Од здружението велат дека презеле таков чекор бидејќи владата не обезбедила јасен план за повторно отворање четири месеци откако им е наложено повторно да стават клуч на врата, пренесува Ројтерс.

Судот минатата недела застана на страната на групата за спречување карантин и пресуди дека полицискиот час од 21 до 4:30, којшто поттикна улични протести, воведен на 23-ти јануари, немала јасна правна основа и нареди да се укине. На таа одлука е поднесена жалба, а се очекува властите да го продолжат полицискиот час до крајот на март, но се очекува од следната недела да почнат со работа фризерските салони и средните училишта.

Фото: Pexels