Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

36
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2024 година, во споредба со декември 2023 година, е зголемен за 0.6 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 1.7 % и Ноќевања за 0.8 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.3 %.