Уготур со добивка од 1,1 милиони денари ја заврши ланската година

11

ugotur

Уготур во текот на 2016 година работеше со добивка од 1.189.000 денари, стои во неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна загуба од 4.173.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември 2016 година достигнаа 27.284.000 денари, додека на крајот на 2015 година изнесуваа 21.489.000 денари.

Основна дејност на Уготур е приготвување, дистрибуирање и послужување на готови производи од областа на организирана исхрана на работници.