Уготур со загуба од над три милиони денари ја заокружи 2014 година

58

ugotur

Компанијата Уготур од Скопје евидентираше загуба од 3.120.000 денари во текот на 2014 година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Една година претходно, Уготур работеше со добивка од 62.559.000 денари.

Приходите од продажба во 2014 година беа на ниво од 24.516.000 денари, додека една година претходно тие беа во висина од 29.318.000 денари.

Уготур е компанија за подготовка, дистрибуција и послужување на готови производи од областа на организирана исхрана на работници.