Уготур за девет месеци оствари добивка од 2,6 милиони денари

17

ugotur-580x241

Компанијата Уготур, за период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка од 2.643.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2016-та година, компанијата работеше со загуба од 269.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември оваа година беа на ниво од 18.749.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 18.219.000 денари.

Основна дејност на Уготур е приготвување, дистрибуција и послужување готови производи од областа на организирана исхрана на работници.