УЈП: Бруто плата 2018 – најниска и највисока основа за пресметување на придонеси

17

ujp

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата коишто се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2018 година, стои во соопштението на Управата за јавни приходи (УЈП).

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2018 година изнесува 34.079 денари.

Најниска основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040 денари (50% од 34.079). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на Управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264 денари (16 x 34.079). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948 денари (12 x 34.079).

Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за јануари 2018 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки на истите, со утврдениот износ на просечната плата.