УЈП: Даночните услуги во Илинден и Гази Баба достапни преку мобилните даночни шалтери

24

ujp

Даночните услуги во скопските општини Илинден и Гази Баба ќе бидат достапни преку мобилните даночни шалтери, наместо како досега преку постојаните даночни канцеларии во општинските згради, коишто повеќе нема да бидат во функција, соопштува Управата за јавни приходи (УЈП).

Граѓаните и фирмите од овие општини и понатаму, како што се наведува, ќе можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, вклучувајќи достава на сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и подигање на сите документи што ги издава УЈП.