УЈП: До 15-ти февруари поднесување извештај за уплатен данок по задршка

28

ujp

Домашните правни лица, домашните физички лица – регистрирани за вршење на дејност, странските правни лица или странските физички лица (нерезиденти) со постојана деловна единица во Република Македонија, кои вршат исплати на приходи кон странско правно лице кои подлежат на оданочување со задржан данок согласно Законот за данокот на добивка, должни се при исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Исплатувачот на приходот кој имал обврска да изврши задржување на данокот во 2016 година, има обврска до Управата за јавни приходи да достави Извештај за уплатениот данок по задршка (образец “ДД-И“), најдоцна до 15-ти февруари 2017 година.

Образецот може да се преземе од веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/76).
Извештајот се доставува до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk.