УЈП: До 15-ти март се очекува над 400.000 граѓани да поднесат годишна даночна пријава

16

ujp

Од Управата за јавни приходи апелираат граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15-ти март) за поднесување на годишна даночна пријава, а со цел да се избегнат метежи на даночните шалтери.

Заклучно со 13-ти овој месец, 51.616 граѓани ја исполнија даночната обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350.000 даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска или самостојна дејност, оствариле и други дополнителни приходи.

danocna-prijava

Граѓаните кои се од други градови, а имаат привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесат во Контакт центарот на УЈП на новата локација во зградата на Регионалната дирекција Скопје, што се наоѓа на ул. 11 Октомври бр.27.