УЈП: До денеска продолжен рокот за поднесување ДДВ – 04 пријава

70

Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 25 октомври 2019 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2019) се продолжува за (три) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.10.2019 година.

Фото: Pixabay