УЈП ги продолжува роковите за поднесување на ДДВ – 04 пријава и годишните извештаи

19

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги продолжува роковите за поднесување на ДДВ – 04 пријава и Годишните извештаи поради масовно, а отежнато поднесување преку системот е – Даноци.

За ДДВ – 04 пријавата крајниот рок за поднесување, којшто беше 25.01.2017 година, се продолжува за пет работни дена, односно 01.02.2017 година.

Крајниот рок за Годишните извештаи, којшто беше 31.01.2017 година, исто така се продолжува за пет работни дена, ќе биде 07.02.2017 година.