УЈП го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за февруари

23

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за овој месец.

Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизнисите.

Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат местото на живеење или седиштето на компанијата, може да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата.