УЈП го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за јануари

15

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за јануари 2018 година.

Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации коишто дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизнисите.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, може да добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријава, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.