УЈП го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за јуни

10

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за јуни оваа година.

Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде што Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации коишто дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, може да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.