УЈП го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за март

19

ujp

Управата за јавни приходи го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за месец март.

Даночниците, со три специјално опремени комбиња, секој месец патуваат во населени места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат местото на живеење или седиште на фирмата, може да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.