УЈП го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за ноември

2

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за ноември.

Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации коишто дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, може да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.