УЈП го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за септември

27

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за септември оваа година.

Даночниците секој месец, со три специјално опремени комбиња, ги посетуваат населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации коишто дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.