УЈП го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за декември

24

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за декември оваа година.

Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации коишто дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населени и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат местото на живеење или седиште на компанијата, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.