УЈП го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за ноември

16

ujp2

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред мобилните даночни шалтери за ноември оваа година.

Даночниците од УЈП, со три специјално опремени комбиња, секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Граѓаните и компаниите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.