УЈП го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за октомври

21

ujp

Управата за јавни приходи го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери низ Македонија за месец октомври.

“Користете ги даночните услуги на мобилните даночни шалтери. Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси“, стои во соопштението.

Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат местото на живеење или седиште на компанијата, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.