УЈП го ограничи времето на прием на странки

9

Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од вирусот Covid – 19 (коронавирус), Управата за јавни приходи (УЈП) го ограничува времето за прием на странки од 10 до 12 часот во Генерална/Регионални дирекции/одделенија/шалтери.

Управата за јавни приходи ги советува граѓаните и даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги е-Даноциe-Персонален данокМојДДВkontaktcentar.ujp.gov.mk, како и да контактираат со УЈП преку е-пошта: info@ujp.gov.mk и телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксна) и 02 3253 200 (од сите оператори).

Фото: Pexels