УЈП: Годишна даночна пријава доставиле над 30.000 граѓани

41

83ADF765BA5F2544A9AEA53733099CD9До Управата за јавни приходи, годишна даночна пријава досега доставиле 30.933 лица. Рокот за пријавување истекува на 15-ти март и се очекува бројка од 200.000 граѓани да ги пријават дополнителните приходи.

Обврска да поднесе пријава има секој граѓанин кој во текот на минатата година остварил приход од кирија, авторски договор или други права од индустриска сопственост; од дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на хартии од вредност на Берза, учество на капитал и недвижен имот, добивка од игри на среќа, од спортско обложување, лото, ТВ наградни игри, лични примања од странство, од работен ангажман во амбасада или ако оствариле други приходи.

Од УЈП апелираат да не се чека последниот момент за поднесување годишна даночна пријава. Пријавата може да се поднесе на шалтерите на УЈП или електронски.