УЈП: Исплатата на 15% поврат кај граѓаните е во тек

23

Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица со којшто е предвидено исплатата за повратот од првото тримесечје да се изврши до 31.12.2019 година, од Управата за јавни приходи (УЈП) ги информираат граѓаните дека исплатата сè уште е во тек.

Од УЈП апелираат до граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции преку апликацијата МојДДВ.

Досега 15% поврат од пресметаниот ДДВ за месеците јули, август, септември 2019 година е исплатен кај над 50% од корисниците на МојДДВ.

Фото: Pixabay