УЈП ја достави листата на должници

16

ujp

Управата за јавни приходи, на својата интернет страница, ја објави листата на должници за долгови што доспеале до 28.02.2014 и не се платени до 31.05.2014 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На оваа листа ги има имињата на физичките лица и самостојните извршители на дејност чиј долг е повисок од 120.000 денари, како и долг од над 300.000 денари за правните лица.

УЈП ја објавува оваа листа согласно Законот за даночна постапка.