УЈП ја објави 10-тата листа на должници

40

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави 10-тата Листа на должници за долгови доспеани до 30-ти јуни и неплатени до 30-ти септември оваа година. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на листата, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.

На Листата на должници бр.10/2019 објавени се 1.995 должници – правни лица (повеќе за 16 од претходната листа) и 2.520 физички лица (помалку за 66 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2019 изнесува 10.114.683.435 денари, помалку за 84.458.111 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

Фото: Pixabay