УЈП ја објави 10-тата листа на должници

19

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави десеттата листа на должници. На оваа листа се најдоа физички лица, самостојни вршители на дејност и правни лица за долгови доспеани до 30.06.2015 година и неплатени до 30.09.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот е повисок од 300.000 денари.