УЈП ја објави 11-тата листа на должници

17

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави 11-тата листа на должници за долгови доспеани до 31.07.2017 година и неплатени до 31.10.2017 година. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојни вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека за правните лица тој е повисок од 300.000 денари.