УЈП ја објави 11-тата листа на должници

21

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави единаесеттата листа на должници за долгови доспеани до 31-ви јули и неплатени до 31-ви октомври оваа година.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на листата, имаат долг повисок од 120.000 денари, додека за правните лица тој е над 300.000 денари.