УЈП ја објави 12-тата листа на должници

24

ujp

Управата за јавни приходи ја објави 12-тата листа на должници за долгови доспеани до 31.08.2016 и неплатени до 30.11.2016 година.

На листата се имиња на физички и правни лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

За физичките лица и самостојните вршители на дејност долгот е над 120.000 денари, додека за правните тој надминува 300.000 денари.