УЈП ја објави четвртата листа на должници

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави четвртата листа на должници за оваа година, за долгови доспеани до 31.12.2016 година и неплатени до 31.03.2017 година.

Долговите се по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се најдоа физички лица и самостојни вршители на дејност чиј долг е повисок од 120.000 денари, додека за правните лица е повисок од 300.000 денари.