УЈП ја објави четвртата листа на должници

23

Фото: Pixabay

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави четвртата листа на должници за оваа година за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.03.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност, што се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ надминува 300.000 денари.

На Листата на должници бр.04/2019 објавени се 1.859 должници – правни лица (пoмалку за 130 од претходната листа) и 2.226 физички лица (помалку за 80 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2019 изнесува 9.517.248.764 денари, помалку за 396.868.347 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.376.977.666 денари (помалку за 395.900.195 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.271.098 денари (помалку за 968.152 денари од претходната листа).