УЈП ја објави десеттата листа на должници

23

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 30-ти јуни оваа година и неплатени до 30-ти септември.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојните вршители на дејност кои се најдоа на оваа листа имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека за правните лица тој износ е повисок од 300.000 денари.