УЈП ја објави десеттата листа на должници

14

ujp1-580x335

Управата за јавни приходи ја објави десеттата листа на должници за долгови доспеани до 30.06.2016 и неплатени до 30.09.2016 година. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на должност, кои се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица долговите надминуваат 300.000 денари.