УЈП ја објави деветтата листа на должници

13

ujp-580x335

Управата за јавни приходи ја објави деветтата листа на должници чии долгови доспеваат до 31-ви мај и не се платени до крајот на август.

На листата се наоѓаат физички и правни лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на листата, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица износот е над 300.000 денари.