УЈП ја објави деветтата листа на должници

12

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави деветтата листа на должници за оваа година. Долговите се доспеани до 31.05.2017 и неплатени до 31.08.2017 година, а се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојни вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ е повисок од 300.000 денари.