УЈП ја објави најновата листа на должници

20

Управата за јавни приходи ја објави шестата листа на должници за долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2018 година. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.06/2018 објавени се 2.073 должници – правни лица и 2.042 физички лица. Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.040.069.587денари, што е за 1.302.307.168 денари повеќе од претходната листа.

Листата на должници се објавува согласно член 9 од Законот за даночна постапка.