УЈП ја објави осмата листа на должници

10

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави осмата листа на должници за долгови доспеани до 30.04.2016 и неплатени до 31.07.2016 година.

На листата се најдоа физички и правни лица што должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

За физичките лица и самостојните вршители на дејност долгот е повисок од 120.000 денари, додека за правните лица износот е повисок од 300.000 денари.